03/07/2008
AНКАРА, Турција -- Во четврток (3-ти јули) на ред е Партијата на правдата и развојот (АКП) да ја претстави својата одбрана во случајот пред Уставниот суд, кој претставува обид да се забрани партијата за наводно загрозување на секуларизмот во Турција. Вицепремиерот Чемил Чичек се очекува да го истакне интегритетот на АКП и да тврди дека обвинението произлегува од неточни информации и лажни тврдења. Главниот обвинител Абдурахман Јалцинкаја во март поднесе барање за ликвидација на партијата и забрана на 70 нејзини високи официјални претставници да се занимаваат со политика. Јалцинкаја ги претстави своите аргументи пред судот во вторникот.
Во другите вести, заменик државниот обвинител Туран Чолаккад во средата објави дека е подготвено обвинението против ултранационалистичката секуларна група Ергенекон, која е осомничена за ковање заговор за државен удар против владата. Според обвинението, наводните членови формирале терористичка организација која планирала да предизвика дестабилизација на почетокот од следната недела, вклучително и атентати. Полицијата неодамна уапси најмалку 24 лица во врска со овој случај. (Хуријет, Сабах, АФП, ДПА, Заман, Тркиш дејли њус, Ројтерс, Интернешнал хералд трибјун, Вашингтон пост - 03/07/08)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's