30/06/2008
СОФИЈА, Бугарија -- Владејачката Бугарска социјалистичка партија (БСП) во неделата (29-ти јуни) ги обелодени плановите за предлагање пакет мерки за засилување на финансиските услови за учество на општите избори. БСП сака трошоците за регистрирањето да се зголемат од 10.000 на 25.000 евра, кои партиите ќе ги изгубат ако освојат помалку од 1 отсто од гласовите. Партиите, исто така, ќе мора да докажат дека имаат регионални структури кои се протегаат на најмалку две третини од земјата. Паралелно со ова, државните субвенции ќе се зголемат за трипати, со цел да се намали зависноста на партиите од сомнителните надворешни финансирања. Покрај ова, БСП сака партиите што не успеале да освојат најмалку 2 отсто на минатите два општи избори, да бидат отстранети од регистарот. БСП потврди дека мора да ги координира предлозите со своите партнери во владејачката коалиција. (Сега, Дневник, бТВ - 30/06/08)