Србите во Косово формираа паралелен парламент

29/06/2008

ПРИШТИНА, Косово -- Србите во Косово во саботата (28-ми јуни) формираа свој парламент, чие седиште е во северниот дел од Митровица, каде што доминираат Србите. Парламентот, формиран како резултат на предвремените избори во Србија на 11-ти мај, беше конституиран од 30 од вкупно 45 претставници избрани за време на локалните избори во поранешната српска покраина. Институцијата ќе има симболични функции и нема да усвојува закони. Радован Ничиќ, од ултранационалистичката Српска радикална партија (СРС) беше избран за претседател. Марко Јакшиќ од Демократската партија на Србија и Срѓан Николиќ од СРС беа избрани за заменици на претседателот. Српски официјални претставници, вклучително и министерот за Косово, Слободан Самарџиќ, кој присуствуваше на конститутивната седница, го поздравија новиот парламент, велејќи дека истиот ќе им овозможи на Србите и другото неалбанско население во Косово да живеат на својата територија како нормални српки граѓани. Во Приштина, вицепремиерот Раме Манај остро го критикуваше српското собрание како „нелегален и неприфатлив“ чин. (Taнјуг, АФП, Бета, Б92, ББС, Ксинхуа - 28/06/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading