Грците протестираат поради растечките цени

20/06/2008

AТИНА, Грција -- Околу 1.000 луѓе протестираа во Атина во четвртокот вечер (19-ти јуни) против растечките потрошувачки цени. Демонстрантите се собраа на плоштадот Омонија во центарот на Атина и отидоа до министерствата за финансии и економија. Тие ја повикаа владата да го стави под контрола растот на цените и да ги заштити потрошувачите. Протестот беше организиран од Генералната конфедерација на работници на Грција (ГСЕЕ), Врховниот административен совет на државните службеници (АДЕДИ), унијата на земјоделци ПАСЕГЕС и надпрефектурата Атина-Пиреја. (AНА-МПА, Фокус, бТВ - 19/06/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading