Хелсиншкиот комитет објави дека предвремените избори на 1-ви јуни беа најлоши во историјата на Македонија

10/06/2008

СКОПЈЕ, Македонија -- Предвремените избори на 1-ви јуни беа најлоши во историјата на Македонија, се вели во извештајот на Хелсиншкиот комитет, објавен во понеделникот (9-ти јуни). Во него се заклучува дека изборите не биле ниту фер, ниту демократски, барем за една четвртина од населението, и се обвинуваат сегменти на власта дека ги ставиле партиските интереси пред нивните уставни обврски. Амбасадорите на ЕУ и НАТО во понеделникот прогнозираа дека повторените избори -- закажани за избирачките места што беа најпогодени -- треба да поминат без инциденти. (Утрински весник - 10/06/08; Макфакс, А1 - 09/06/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading