Српскиот парламент в среда ќе одржи конститутивна седница

09/06/2008

БЕЛГРАД, Србија -- Конститутивната седница на новиот српски парламент ќе се одржи в среда (11-ти јуни), според соопштението од петокот на Оливер Дулиќ, претседателот на претходниот парламент. В среда пратениците ќе го изберат неговиот наследник, заедно со замениците, и ќе ги именуваат членовите на различните парламентарни комисии. Претседател на конститутивната седница ќе биде најстариот пратеник, Јован Кркобабиќ, претседател на Партијата на обединетите пензионери на Србија. Коалицијата „За европска Србија“, предводена од Демократската партија на претседателот Борис Тадиќ, која победи на парламентарните избори на 11-ти мај, ќе има 101 места во новиот парламент. Српската радикална партија е втора, со 78 места. (Бета, Танјуг, РТС - 06/06/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading