30/05/2008
ХАГ, Холандија -- Србин обвинет за непочитување на судот се изјасна за невин во четвртокот (29-ти мај) во Трибуналот на Хаг за воени злосторства. Љубиша Петковиќ (35) беше обвинет дека одбива да сведочи во април, на судењето против српскиот ултранационалистички водач, Воислав Шешељ. Петковиќ беше командант на војничкиот персонал на Српската радикална партија во 1991 година. Полицијата го уапси во средата и го пренесе во Хашкиот притвор. На Шешељ му се суди за поттикнување национализам и етничко чистење во поранешна Југославија во раните 1990-ти, како и за убиств, тортура, затворање и депортирање. (AФП, АКИ, веб-страница на ОН, Бета - 29/05/08; Ројтерс - 28/05/08)