Судија од турскиот Утсваен суд препорачува отфрлање на процесот за носење на шамии

18/05/2008

АНКАРА, Турција -- Во петокот (16-ти мај), Осман Кан, судија во Уставниот суд, даде необврзувачка препорака да се отфрли тековниот процес против укинувањето на забраната за носење на шамија во универзитетите. Републиканската народна партија, најголемата опозициона партија во Турција, побара од судот да ги отфрли уставните амандмани кои дозволуваат да се носи шамија во државните унивезритети. Според Кан Уставниот суд нема јурисдикција, бидејќи тој може само да испита дали се почитувани процедурите за усвојување на амандманите. Осум од 11 судии во судот беа назначени од поранешниот турски претседател Ахмед Неџет Шезер кој беше фанатичен секуларист.

Владејачката Партија за правда и развој има уште еден процес во Уставниот суд, чија цел е да се стави забрана за политичарите кои се закануваат со секуларизам. (Заман - 18/05/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading