ИПА на Јадранската програма ги промовираше своите активности во Албанија

15/05/2008

TИРАНА, Албанијa -- Европското министерство за интеграција, Италијанската амбасада и Европската комисија во средата (14-ти мај) одржаа информативен ден во врска со Инструментот за предпристапна помош (ИПА) на програмата за Јадранска прекугранична соработка. Заменик-министерот за интеграција, Зеф Бушати, рече дека истиот ќе го олесни процесот на стабилизација и асоцијација на Албанија со ЕУ. Шефот на делегацијата на Европската комисија во Тирана, Хелмут Лохан, истакна дека прекуграничната соработка е важна компонента на тој процес. „Преку оваа програма, ние имаме за цел да ги зајакнеме меѓусебните контакти, како важен придонес за интеграцијата“, рече Лохан. (Балканвеб, Њус 24, официјална веб-страница на Министерството за интеграција во ЕУ - 14/05/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading