Таричеану вели дека мерките против италијанската имиграција нема да бидат насочени против граѓаните на ЕУ

15/05/2008

БУКУРЕШТ, Романија -- Премиерот Калин Попеску Таричеану во средата (14-ти мај) рече дека новите мерки што Италија планира да ги преземе против нелегалната имиграција нема да ги погодат граѓаните на ЕУ. Оваа оценка уследи по, како што го оцени, „позитивниот“ телефонски разговор со италијанскиот министер за надворешни работи, Франко Фратини. „[Фратини] ме информираше дека серијата мерки во врска со имиграцијата што италијанските власти ги подготвуваат се насочени против земјите што не се членки на ЕУ, рече Таричеану. Букурешт е загрижен дека иницијативите првенствено ќе бидат насочени против романските државјани, по серијата кривични дела од висок профил. Во понеделникот Таричеану побара од министерот за внатрешни работи, Кристијан Давид, „итно“ да го посети Рим и да разговара за мерките планирани од страна на владата на Силвио Берлускони. (Nine o'clock - 15/05/08; Meдиафакс, Ромпрес, Hotnews.ro - 14/05/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading