Четворица косовски Срби обвинети дека им се заканувале на претставници на УНМИК и КФОР

14/05/2008

ПРИШТИНА, Косово -- Четворица Срби од Гораждевац во западно Косово се соочуваат со обвиненија дека му се заканувале на шефот на УНМИК, Јоаким Рикер, и командантот на КФОР Ксавиер де Марнак за време на посетата во декември на официјални претставници во Гораждевац, веднаш по општите избори во Косово. Миливоје Здравковиќ, Душан Михајловиќ, Милич Миличевиќ и Радојко Дуниќ, наводно, му се заканувале на персоналот на ОН и другите во нивна придружба.

Во другите вести од вторникот (13-ти мај) Де Марнак потврди дека распоредувањето на КФОР е во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН и рече дека мисијата чека нови наредби откако уставот ќе влезе на сила на 15-ти јуни. „Ние сме решени да ја продолжиме нашата мисија и покрај сите евентуални околности што може да се случат“, рече тој за време на посетата на општината Вити. (Eкспрес, Коха Диторе, Лајм - 14/05/08; Teлеграфи, РТК - 13/05/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading