14/05/2008
СКОПЈЕ, Македонијa -- Словенија, актуелен претседавач на ЕУ, во вторникот (13-ти мај) ги осуди неколкуте инциденти што го нарушија официјалниот почеток на предизборната кампања во Македонија, вклучително и обидот за атентат врз водачот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, во неделата. „Нема место за насилство во предизборната кампања“, се вели во изјавата на словенечкото претседателство, и се повикуваат сите партии да се посветат на слободни, фер и мирни избори. Истовремено, Словенија апелираше до македонските власти за истрага на инцидентите и казнување на одговорните. Американската амбасада во Македонија, исто така, изрази сериозна загриженост за инцидентите. (Mакфакс, МИА, А1 - 13/05/08)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's