Официјално формирана бугарската Нова демократија

12/05/2008

СОФИЈА, Бугарија -- Бугарија има нова политичка партија, која почна да функционира од неделата (11-ти мај). Поранешните членови на Националното движење за стабилност и напредок (НДСВ) ја формираа бугарската Нова демократија (БНД), протестирајќи против водачите на НДСВ избрани на партискиот конгрес минатото лето. Членовите на парламентот кои се приклучија на БНД застанаа на страната на опозицијата во изминатите неколку месеци, спротивставувајќи й се на владата во две гласања за нејзина недоверба. БНД се позиционираше како централнодесничарска, во надеж дека ќе формира партнерство со другите десничарски партии.

Во другите вести, Европската комисија (ЕК) ја заострува својата реторика кон Бугарија во врска со користењето на средствата на ЕУ. Во неделата Мајкл Ли, генерален директор на Директоратот за проширување на ЕК, го објави крајниот рок на 16-ти јуни за Бугарија да докаже дека е способна да управува со средствата на ЕУ. Ако тоа не се случи, ЕК ќе воспостави целосна контрола над одобрувањето средства за Бугарија, како што беше случајот пред земјата да стане членка на ЕУ. (24 Часа, Труд, Дневник, Сега, Insurance.bg, БГНЕС, Нетинфо - 12/05/08; БГНЕС, Дарик - 11/05/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading