Maкедонска издавачка куќа под истрага за терористички врски

11/05/2008

СКОПЈЕ, Македонија -- Портпаролот на Министерството за внатрешни работи во петокот (9-ти мај) информираше за можна поврзаност на издавачка куќа од Скопје со Ал каеда. Се работи за издавачката куќа Нун и нејзиниот директор Бекир Халими. Според портпаролот, Иво Котески, Халими има клучна улога во активноста и финансирањето на Бамиресија, хуманитарна организација, наводно, поврзана со кувајтското Општество за обнова на исламското наследство. Оваа организација се наоѓа на црната листа на ОН како дел од мрежата на Ал каеда. Котевски рече дека Бамиресија е осомничена дека е дел од поголема структура, која има ќелии во Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора.

Сепак, Халими ги отфрли обвинувањата, велејќи дека тие се „политички мотивирани“ и произлегуваат од престојните избори во Македонија, како и од недобивањето на земјата на покана за влез во НАТО. (Дневник, Нова Македонија - 09/05/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading