07/05/2008
САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Во изјавата од вторникот (6-ти мај) амбасадорите на управниот одбор на Советот за спроведување на мирот (ПИК) го повикаа парламентот на БиХ да ги одобри предложените измени на изборниот закон кои ќе им дадат на сите поранешни жители на Сребреница -- местото на геноцидот врз муслиманите во 1995 година -- можност да гласаат на локалните избори оваа есен. „Сребреница може да се претвори од симбол на трагедија во симбол на политичка мудрост, одговорност и економски напредок“, рекоа амбасадорите. Клифорд Бонд, специјалниот претставник на ОХР за Сребреница, исто така, го поддржа предлогот. Двата дома на парламентот на БиХ во средата гласаа за предложените измени.
Во другите вести од вторникот, надзорникот на округот Брчо, Рафи Грегоријан, го измени Статутот на округот Брчко и донесе нов Окружен изборен закон и Процедурален правилник за собранието на округот. Грегоријан рече дека овие потези имаат за цел зајакнување на ефикасноста и функционалноста на администрацијата во Брчко и нејзино подготвување за периодот по надзорот на меѓународната заедница. (Дневни аваз - 07/05/08; веб-страница на ОХР, РТРС, ПБС - 06/05/08)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's