06/05/2008
СКОПЈЕ, Македонијa -- Владата очекува посилна реакција од Европската комисија (ЕК), Меѓународната организација за цивилна авијација и другите компетентни структури кои се информирани за забраната од страна на Грција на македонскиот авиопревозник МАТ, соопшти во понеделникот (5-ти мај) владиниот портпарол Ивица Боцевски. Тој изрази надеж дека Грција ќе се откаже од својата политика за ова прашање и рече дека истата не придонесува за добрососедските односи.
„Македонија отсекогаш била добар сосед и активен и конструктивен член на меѓународната заедница. Очекуваме да сме третирани на ист начин токму од оние земји кои му припаѓаат на семејството со западни вредности на слободата, демократијата и слободната пазарна економија“, рече Боцевски. ЕК изрази загриженост во врска со оваа политика, велејќи дека истата е спротивна на договорите помеѓу земјите на ЕУ и западнобалканските земји. (Време, Утрински весник - 06/05/08; MИА, Нетпрес - 05/05/08)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's