05/05/2008
БЕЛГРАД, Србија -- Рускиот претседател Владимир Путин во неделата (4-ти мај) испрати порака до српскииот премиер Воислав Коштуница, уверувајќи го дека позицијата на Москва во врска со косовското прашање е непроменета. „Ние сметаме дека унилатералното прогласување независност од страна на Косово претставува тежок удар на меѓународното право“, вели Путин во пораката, објавена од страна на канцеларијата за односи со медиумите на српската влада. „Ние сме подготвени да започнеме заеднички напори за борба против оваа опасна тенденција. Можете цврсто да се потпрете на нашата солидарност и поддршка.“
Рускиот водач, исто така, рече дека Русија е подготвена да ги развие своите односи со Србија за најразлични прашања, во интерес на мирот и стабилноста на Балканот и за Европа без никакви линии на поделба. (ИТАР-ТАСС, Gazeta.ru - 04/05/08)