04/05/2008
AТИНА, Скопје -- Претставникот на ОН во спорот околу името помеѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, планира да ги посети Атина и Скопје по одделните консултации со нивните претставници во Њујорк минатата недела. Тој не даде нови предлози за време на разговорите со грчкиот претставник Адамантиос Василакис и македонскиот претставник Никола Димитров, но ги повика двајцата да го продолжат дијалогот за решавање на прашањето. Не е објавена временска рамка за неговите посети. (Њус Ин, Макфакс, БТА, Канал 5 - 03/05/08)