Трибуналот на ОН му даде условна слобода на обвинетиот за воени злосторства Стојиќ

02/05/2008

ХАГ, Холандија -- Трибуналот на ОН во четвртокот (1-ви мај) објави дека му дава условна слобода на Бруно Стојиќ, кој се соочува со обвиненија за воени злосторства врз босанските муслимани и другото нехрватско население за време на конфликтот во Босна и Херцеговина (БиХ). Стојиќ го доби ослободувањето во вторникот и треба да се врати во Хаг на почетокот од следната недела, кога неговите адвокати ќе ја започнат одбраната. На поранешниот висок водач на воениот ентитет на босанските Хрвати Херцег-Босна му се суди заедно со пет други обвинети за воени злосторства извршени во 1992 и 1993 година во југозападна и централна БиХ. Судењето започна пред две години. Обвинителите ги заокружија своите аргументи во февруари. (РТРС, СРНА, веб-страница на ОН - 01/05/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading