29/04/2008
СКОПЈЕ, Македонија -- Претставникот на ОН Метју Нимиц ги повика грчкиот и македонскиот претставник на одделни консултации во Њујорк, со цел решавање на спорот околу името помеѓу двете земји, објавија во понеделникот (28-ми април) грчките и македонските медиуми. Извори велат дека македонскиот претставник Никола Димитров ќе се состане со Нимиц во вторник и среда, додека консултациите со грчкиот претставник Адамантиос Василакис ќе се одржат во среда и четврток. На агендата не се предвидени заеднички состаноци помеѓу Димитров и Василакис. (Дневник, Скај - 29/04/08; Макфакс, Канал 5, А1 - 28/04/08)