Се води истрага за корупција против романскиот министер за здравство

28/04/2008

БУКУРЕШТ, Романија -- Обвинителите од Антикорупцискиот директорат (ДНА) започнаа истрага за корупција против министерот за здравство, Еуген Николаеску, објави во саботата (26-ти април) весникот Гандул. Николаеску се очекува да биде сослушан веднаш по велигденските празници под сомнение за злоупотреба на функцијата. Се работи за неговото учество во одборот на Романската лотарија, додека беше заменик државен секретар во Министерството за финансии. Николаеску е петти член на владата против кого се води истрага.

Во петокот обвинителите на ДНА започнаа кривична истрага против Кристијан Буреану, пратеник од Демократско-либералната партија, во врска со истиот случај со лотаријата. (Гандул - 26/04/08; Медифакс, Hotnews.ro - 25/04/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading