Романските обвинители бараат дозвола да го испитаат Настасе

25/04/2008

БУКУРЕШТ, Романијa -- Антикорупциската обвинителска канцеларија (ДНА) на земјата побара од долниот дом на парламентот во четвртокот (24-ти април) да го одобри покренувањерто на официјална истрага против поранешниот премиер Адријан Настасе. Тој се соочува со обвиненија за примање мито и фалсификување официјални документи во врска со купувањето на својот сегашен дом, вреден околу 1,5 милиони евра. Претседателот Трајан Башеску веќе ја одобри истрагата, која исто така го вклучува и поранешниот министер за транспорт Мирон Митреа. Парламентот се очекува да расправа за барањето на ДНА на 5-ти мај. Истраги го следат Настасе откако ја напушти функцијата во 2006 година. (Ромпрес, Медифакс, Hotnews.ro - 25/04/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading