Сејдиу инсистира на тоа дека мисијата на ЕУ во Косово треба да биде покуса отколку таа на ОН

25/04/2008

ПРИШТИНА, Косово -- Претседателот Фатмир Сејдиу во четвртокот (24-ти април) рече дека косовските институции нема да прифатат распоредување на меѓународна мисија со години, како што беше случајот со УНМИК од неговото формирање во 1999 година. Тој додаде дека со напорите на косовските водачи и меѓународната заедница треба да се изгради самоуправа и самоодржливост. Што се однесува до одбивањето од страна на косовските Срби да ја признаат мисијата на ЕУ, ЕУЛЕКС, и за евентуалното реструктуирање на УНМИК, Сејдиу рече дека „не се работи за две меѓународни присуства во Косово, едно за Албанците и едно за Србите“. Тој додаде дека УНМИК ќе продолжи да игра улога сé додека важи резолуцијата на ОН 1244.

Во другите вести, континуираното присуство на НАТО во Косово беше во фокусот на изјавата во средата во Капитол хил во Вашингтон. Американскиот помошник државен секретар Даниел Фрид изјави пред конгресната комисија дека мисијата на НАТО, КФОР, е клучна не само за Косово, туку и за ОН и ЕУ.

Во меѓувреме, во четвртокот премиерот Хашим Тачи се состана со бугарскиот министер за европска интеграција, Гергана Гранчарова. Тачи й се заблагодари на Софија за признавањето на независноста на Косово, велејќи дека поддршката на соседите е клучна. (Eкспрес, Коха Диторе - 25/04/08; Косовалајв, Балканинсајт, Шекули, Балканвеб, ВОА - 24/04/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading