24/04/2008
ПРИШТИНА, Косово -- Вицепремиерот Хајредин Куци вели дека Косово ќе работи на пристапување во ЕУ во 2015 година. „По независноста, нашата национална аспирација е да влеземе во ЕУ“, изјави тој за Ројтерс во средата (23-ти април), додавајќи дека Приштина се надева дека ќе добие јасен сигнал во врска со своите шанси за интеграција на состанокот следната недела на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург.
Во другите вести, шефот на УНМИК Јоаким Рикер и косовскиот премиер Хашим Тачи во средата се вратија од Њујорк и потврдија дека Советот за безбедност на ОН му даде на УНМИК зелено светло за предавање на надлежностите на косовските власти. Тоа ќе се случи откако новиот устав ќе стапи на сила на 15-ти јуни.
Исто така во средата, ирскиот министер за одбрана, Вили О’Деа го посети Косово и се состана со 285 ирски војници кои служат во КФОР. Тој предвиде дека НАТО ќе биде потребно во Косово и во годините што доаѓаат. (Коха Диторе, Експрес, Лајм - 24/04/08; Ројтерс - 23/04/08)