24/04/2008
AНКАРА, Турција -- Воени авиони започнаа нови воздушни напади врз камповите на терористичката Курдистанска работничка партија (ПКК) во северен Ирак во средата (23-ти април). Генералштабот потврди на својата веб-страница дека нападот бил насочен против големиот камп на ПКК во Какурк, каде што се спојуваат границите на Ирак, Турција и Иран. Тој додаде дека воените авиони ја „неутрализирале“ вооружената група, но не даде информации за евентуалните жртви. Турските бомбардери последниот пат гаѓаа цели во северен Ирак пред една недела.
Новинската агенција Анадолу, во меѓувреме, објави дека полицијата уапсила осомничен бомбаш-самоубиец во градот Тарсус. Полицијата вели дека таа носела експлозиви и детонатор. Нејзината наводна цел била една локална полициска станица. (Хуријет - 24/04/08; НТВ, АП, РИА Новости - 23/04/08)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's