Романскиот сенат го негираше постоењето на тајни затвори на ЦИА

23/04/2008

БУКУРЕШТ, Романија -- Пратениците во вторникот (22-ри април) го одобрија со големо мнозинство извештајот на комисијата што ги испитуваше наводните затвори на ЦИА во Романија. Документот негира дека постојат вакви објекти, како и дека постојат, наводно, тајни бази на САД. Покрај тоа, во него се негира вмешаноста на кои било домашни институции или официјални претставници во нелегалниот транспорт на осомничени терористи преку романска територија. Букурешт беше под притисок да го испита ова прашање откако неколку меѓународни институции и различни медиуми ги обвинија Романија и Полска дека во нив се наоѓаат тајни затвори на ЦИА. (Meдифакс, АП, Hotnews.ro - 22/04/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading