EК го поздрави политичкиот консензус во Албанија, во врска со уставните измени

23/04/2008

TИРАНА, Албанија -- Канцеларијата на Европската комисија (ЕК) во Албанија во вторникот (22-ри април) го пофали нивото на консензус постигнато од страна на двете најголеми политички партии. Амбасадорот на ЕК, Хелмут Лохан, се осврна на одобрението во понеделникот на амандманите на уставот, претежно во областа на изборните реформи. Парламентот ги одобри амандманите со огромно мнозинство, по генералната согласност помеѓу владејачката Демократска партија и главната опозициска Социјалистичка партија. Претставниците на помалите партии се пожалија на делегацијата на ЕК дека поголемите партии ги игнорирале нивните сугестии. (Шкип, Коха Јоне, Шекули, Панорама - 23/04/08; Балканвеб, Топ-ченал -22/04/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading