Албанија се доближува до уставни промени

15/04/2008

TИРАНА, Албанија -- Парламентарната комисија за правни прашања и законот, во понеделникот (14-ти април) ги одобри уставните измени со цел реформа на изборниот систем. Членовите на комисијата се согласија да го поддржат регионалниот пропорционален систем и се согласија дека парламентот ќе го сочинуваат 140 пратеници од различни изборни зони. Овој чекор доби поддршка од владејачката Демократска партија, како и од опозициската Социјалистичка партија. (Коха Јоне, Шекули, Шкип - 15/04/08; Балканвеб, Топ-ченал - 14/04/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading