14/04/2008
ТИРАНА, Албанија -- На конференцијата на Демохристијанската партија (ДХП) во неделата (13-ти април), водачот Леонард Ндока, рече дека за повеќето прашања владејачката Демократска партија (ДП) стана близнак на опозициската Социјалистичка партија (СП). Сепак, Ндока истакна дека коалицијата на ДХП со ДП ќе продолжи. „Имаме состанок со водачот на мнозинството [Сали] Бериша, на кој ќе разговараме кој е најдобриот начин да се избере изборен систем кој ќе биде задоволителен за сите“, рече Ндока. Тој додаде дека, ако ДП не ги вклучи малите партии во процесот на донесување одлуки, тие ќе ги преиспитаат своите позиции во коалицијата. (Балканвеб, Коха Јоне, Топ-ченал - 13/04/08)