13/04/2008
СКОПЈЕ, Македонија -- По дводневна расправа, парламентот во саботата (12-ти април) донесе одлука за самораспуштање и одржување нови избори на 1-ви јуни. Педесет членови на опозицијата го бојкотираа гласањето, додека преостанатите 70 пратеници го поддржаа предлогот на премиерот Никола Груевски, поттикнат од грчката одлука да ја блокира кандидатурата на Македонија за влез во НАТО пред десет дена.
Според извештаите на локалните медиуми Метју Нимиц, специјалниот претставник на ОН во долготрајниот спор околу името помеѓу Македонија и Грција, ќе ги посетат двете земји подоцна оваа недела. Тој најпрво, в четврток, ќе допатува во Скопје, а во петок ќе замине за Атина. Според извештаите, тој ќе се обиде да утврди дали некоја од страните ја променила својата позиција од самитот на НАТО во Букурешт. (ДПА, АФП, ББС, Косовапрес, Макфакс, РИА Новости, МИА, Скај, АНА-МНА, А1 - 12/04/08)