УНМИК се спротивстави Србија да одржи избори во Косово, но нема да ги спречи

11/04/2008

ПРИШТИНА, Косово -- Шефот на УНМИК, Јоаким Рикер, во четвртокот (10-ти април) потврди дека одржувањето локални избори во Косово на еден месец отсега ќе се смета за нелегално и тој има намера да го извести Белград за тоа в петок, потврдувајќи дека само УНМИК има овластување да свика избори во Косово. Тој, исто така, потврди дека УНМИК нема да се обиде да го спречи гласањето на Србите во Косово. Србија одржува парламентарни и локални избори на 11-ти мај. (Коха Диторе, Зери -11/04/08; ББС, ВОА, РТК - 10/04/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading