11/04/2008
ДИЈАРБАКИР, Турција -- Истакнатата курдска активистка за човекови права, Лејла Зана, беше осудена на две години затвор во четвртокот (10-ти април), од страна на судот во Дијарбакир за ширење „терористичка“ пропаганда. Зана беше уапсена за коментарот на политичкиот митинг за време на курдскиот фестивал минатата година. Зана на поддржувачите им рече дека курдската заедница има тројца водачи -- Масуд Барзани и Џалал Талабани од курдскиот регион во северен Ирак и Абдула Оџалан, затворениот водач на забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК).
Во другите вести, турскиот Генералштаб вели дека 13 бунтовници на ПКК се убиени во судирите со армијата во четвртокот. Двајца починаа во покраината Дијарбакир, а 11 други во покраината Тунџели. (Заман, Хуријет - 11/04/08; НТВ, ДПА - 10/04/08)