Македонскиот парламент ќе гласа за самораспуштање

10/04/2008

СКОПЈЕ, Македонија -- Пратениците во четврток (10-ти април) ќе гласаат за предлогот за распуштање на парламентот и одржување нови избори, потег кој е без преседан во 17-те години независност. Идејата беше покрената откако минатата недела НАТО одби да й понуди на Македонија покана за членство додека земјата не го реши својот долготраен спор околу името со сојузот на Алијансата, Грција. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува предвремените избори, кои најпрво ги предложи Демократската унија за интеграција, како и Демократската партија на Албанците. Пречка е противењето на опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија. Ако мерката биде усвоена, изборите мора да се одржат не подоцна од 10-ти јуни. (Утрински весник - 10/04/08; Maкфакс, А1 - 09/04/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading