10/04/2008
ПРИШТИНА, Косово -- Членовите на парламентот во средата (9-ти април) го усвоија уставот, кој го дефинира Косово како парламентарна република во која албанскиот и српскиот јазик се двата официјални јазици. Сите 103 пратеници присутни на седницата, го поддржаа уставот, кој се состои од 40 поглавја и 160 членови. Уставот ќе стапи на сила на 15-ти јуни, кога ОН треба да й ги предаде ингеренциите на владата. Србија ја отфрли декларацијата за независност на 17-ти февруари, како и одлуката на ЕУ за испраќање надзорна мисија во Косово, тврдејќи дека ниту едната од нив не добила одобрение од Советот за безбедност на ОН.
Белград го покачи влогот во средата, кога српската Централна изборна комисија одлучи дека локалните избори закажани за 11-ти мај треба да се прошират и во Косово. Мисијата на ОН се противи на тој план и вели дека сите резултати ќе се сметаат за невалидни. (Коха Диторе, Експрес - 10/04/08; Бета, Танјуг, Фонет, Ксинхуа, АП, ББС, Ројтерс, РТК, Косовалајв, Балканвеб, Телеграфи, РТС, Балканинсајт - 09/04/08)