Бранковиќ под истрага за корупција

09/04/2008

САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Обвинителите започнаа истрага за корупција против премиерот на Федерацијата на БиХ (ФБиХ) Неџас Бранковиќ и 12 други високи државни функционари во врска со реструктуирањето на енергетскиот сектор на ентитетот. Обвинителството во вторникот (8-ми април) објасни дека тие се осомничени за „злоупотреба на службената должности при донесување на одлуките“. Групата го вклучува и министерот за индустрија Вахид Хеко и неколку менаџери на најголемото претпријатие за електрична енергија во ФБиХ, Електропривреда БиХ. Обвинителите велат дека властите им дале повластен третман на одредени инвеститори и се обиделе да им доделат профитабилни договори со избегнување на некои законски услови поврзани со јавните набавки.

Во медиумите се наведуваат договорите во 2006 година со австрискиот конзорциум АПЕТ за изградба на четири хидроцентрали. (Дневни аваз, Независне новине - 09/04/08; РТРС, Фена, АФП - 08/04/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading