ДУИ повика на предвремени парламентарни избори во Македонија

08/04/2008

СКОПЈЕ, Македонија -- Најголемата партија на етничките Албанци во земјата, Демократската унија за интеграција (ДУИ), планира во вторник (8-ми април) да поднесе предлог за распуштање на парламентот и одржување превремени избори. „Македонија минува низ многу важен период, кога се потребни рационални дејства. Сé што се случува, а особено потребата за решавање на спорот околу името со Грција, како и кандидатурата на земјата за влез во НАТО, бараат сите државни институции да работат со апсолутна посветеност“, рече водачот на ДУИ, Али Ахмети, по состанокот со премиерот Никола Груевски.

Во понеделникот претседателот Бранко Црвенковски говореше телефонски со генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер, во врска со заклучоците од минатонеделниот самит во Букурешт. Нерешениот спор околу името помеѓу Скопје и Атина беше причината што НАТО реши да не ја покани Македонија да влезе во Алијансата. Де Хоп Шефер му рече на Црвенковски дека членките на НАТО автоматски ќе ја активираат поканата за членство на Македонија веднаш штом ќе биде решен спорот со Грција. (Maкфакс, А1, ИТАР-ТАСС, Канал 5, МИА - 07/04/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading