07/04/2008
AНКАРА, Турција -- Централниот извршен одбор на Владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) во понеделникот (7-ми април) донесе одлука за формулата што ќе ја следи во борбата против судската парница покрената за нејзино затворање. АКП, исто така, се очекува да се посвети и на некои долгоочекувани нацрт-закони за хармонизација со ЕУ, сите во рамките на пакетот за минидемократизација, со цел добивање поддршка од некои опозициски партии. Ако тие не соработуваат, тогаш на состанокот во понеделник ќе се разговара и за опциите за референдум. Судската парница беше покрената од главниот обвинител Абдурахман Јалцинкаја, кој ја обвини АКП дека го загрозува секуларизмот.
Борбата на АКП за поддршка доведе до одредени вешти преговори. Опозициската Партија на националистичко движење, на пример, сака парламентарниот имунитет да биде укинат како услов за поддршката на кој било амандман со кој затворањето на некоја партија би станало потешко. (Хуријет, Заман - 07/04/08; Tурски дневни вести - 05/04/08)