06/04/2008
БРИСЕЛ, Белгија -- Во серија рации во петокот (4-ти април) белгиската полиција уапси 29 жени од различна националност, осомничени за врски со Курдистанската работничка партија (ПКК). Полицијата конфискуваше документи и компјутери во операцијата, спроведена истовремено во Брисел, Лиеж и Вервиер. Телевизискиот канал РТЛ објави дека жените добиле обука во кампови на РКК во Белгија.
Во меѓувреме, во Турција, илјадници демонстранти се обидоа да влезат во селото Омерли, каде што е роден затворениот водач на ПКК, Абдула Оџалан, за да му го прослават 59-тиот роденден во петокот. Полицијата употреби топла вода и солзавец за да го прекине митингот, откако демонстрантите почнаа да фрлаат камења и шишиња исполнети со експлозивни течности. Спроведени се бројни апсења. (AФП, Хуријет, АП, НТВ - 04/04/08)