Турскиот суд подигна обвиненија против 24 осомничени членови на Ал каеда

06/04/2008

АНКАРА, Турција -- Турскиот суд во саботата (5-ти април) подигна обвиненија против 24 осомничени членови на Ал каеда, кои планираа бомбашки напади и кои й припаѓаат на оваа терористичка организација. Наводните терористи се обвинети за планирање напади во Истанбул, кои би се случиле ако Турција одлучи да испрати нови војници во мисијата предводена од НАТО во Авганистан. Турција моментно има 1.200 војници распоредени во Авганистан и ја разгледува можноста за евентуално зголемување на својот контингент. (AП, Заман - 05/04/08; РИА Новости - 04/04/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading