02/04/2008
ИСТАНБУЛ, Турција -- Полицијата во вторникот (1-ви април) уапси 45 осомничени членови на терористичката мрежа Ал каеда, во серија истовремени операции низ Истанбул. Според извештаите на медиумите, тие планирале серија терористички напади во градот. Други детали не се објавени.
Во меѓувреме, ББС објави дека вкупно 16 припадници на терористичката Курдистанска работничка партија загинале во судирите во провинцијата Сирнак, во близина на турско-ирачката граница, од понеделникот. Тројца турски војници се убиени, а петмина се повредени. (Заман - 02/04/08; СНН Турк, Ројтерс, РИА-Новости, НТВ, Хуријет, новинска агенција Анадолу, Сабах, АФП - 01/04/08)