01/04/2008
ПРИШТИНА, Косово -- Шефот на судската и полициската мисија на ЕУ во Косово (ЕУЛЕКС) во понеделникот (31-ви март) рече дека мисијата ќе биде распоредена низ цело Косово, вклучително и во северниот дел, каде што живее претежно српско население, иако ќе треба да помине извесно време додека сé не профункционира целосно. „Ние сме во подготвителна фаза, но нашата цел е распоредување на мисијата на целата територија“, рече Ив де Кермабон. „За мене Косово има само едни полициски сили, а тоа е Косовската полициска служба (КПС). Среќен сум што има голем број српски припадници на КПС, кои сé уште работат во северно Косово.“
Исто така во понеделникот, шпанското Министерство за надворешни работи во понеделникот објави дека Мадрид нема да учествува во ЕУЛЕКС додека не биде законски одобрено предавањето на ингеренциите од УНМИК на ЕУЛЕКС. Шпанија е помеѓу земјите-членки на ЕУ кои сé уште не го признале Косово. (Коха Диторе, Експрес - 01/04/08; РТК, КТВ, Ројтерс - 31/03/08)