Црногорската полиција уапси наводни шверцери на оружје од БиХ

30/03/2008

ПОДГОРИЦА, Црна Гора -- Полицијата уапси двајца државјани на Босна и Херцеговина (БиХ) врз основа на обвиненијата за шверц со оружје, објави во петокот (28-ми март) весникот „Дневни аваз“. Полуавтоматски пушки, снајпери и телескопи, како и најразлични калибри муниција, беа запленети во рацијата. Полицијата не ги идентификуваше осомничените, но рече дека трага по други тројца. Групата, наводно, шверцувала големи количества оружје од БиХ во Црна Гора. (Дневни аваз, Балкан инсајт - 28/03/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading