26/03/2008
AНКАРА, Турција -- Министерот за труд и социјална сигурност, Фарук Челик, во вторникот (25-ти март) рече дека парламентот планира да започне расправа за клучниот предлог-закон за социјалното осигурување в четврток. Неговата најава уследи по разговорите со претставниците на опозициската Републиканска народна партија, Партијата на националистичко движење и Партијата за демократско општество.
Челик истакна дека неколку членови од предлог-законот ќе стапат на сила веднаш штом парламентот ќе ги одобри, додека другите ќе бидат спроведени во мај. Повеќето одредби ќе бидат применети -- барем делумно -- до крајот на август, како резултат на што законот ќе влезе во сила до крајот на оваа година, како што препорача ММФ. Но, синдикатите се загрижени поради овој закон и се заканија дека ќе повикаат на општ штрајк. (Заман - 26/03/08; НТВ - 25/03/08)