Продолжуваат штрајковите во Грција, додека парламентот го усвојува контровезниот предлог-закон за пензиските реформи

21/03/2008

АТИНА, Грција -- Штрајковите во Грција продолжија и во четвртокот (20-ти март), додека парламентот го одобруваше контровезниот предлог-закон за пензиските реформи, со кој се скратуваат бенефициите и се зголемува возрасната граница. Правниците, професорите, новинарите, општинските службеници и јавниот транспорт во повеќето градови, вклучително и во Атина, се вклучија во генералниот штрајк организиран од двете најголеми синдикати во земјата. Најголемиот, Генералната конфедерација на работниците во Грција, повика на национален референдум за пензиските реформи, инсистирајќи на тоа дека народот треба да го каже своето мислење за едно вакво важно прашање. (Ta Неа, Катимерини - 21/03/08; AНА-МПА, АХН, ББС, АП - 20/03/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading