21/03/2008
САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Обвинителството во четвртокот (20-ти март) потврди дека пет лица се уапсени врз основа на обвиненијата за тероризам по серијата рации во Сараево и Бугојна, во континуираната операција. Извор цитиран во весникот „Независне новине“ вели дека сите петмина се државјани на БиХ, кои ја следат Вахабистичката секта на исламот. Истиот извор вели дека полицијата пронашла оружје во нивните станови.
Исто така, претставници на Државната агенција за истраги и заштита го уапсија поранешниот командант на армијата на босанските Срби, Бошко Лукиќ, и заменик-командантот Марко Адамовиќ во четвртокот изутрина. Тие се осомничени за воени злосторства врз Бошњаците и Хрватите во западниот град Кључ. (Независне новине - 21/03/08; РТРС, Фена, АП - 20/03/08)