18/03/2008
АТИНА, Грција -- Ѓубреџиите во Атина упаднаа во градското собрание во понеделникот (17-ти март), како дел од протестот против владините реформи во пензискиот систем. Полицијата не интервенираше поради, како што го нарече, „демократскиот карактер“ на акцијата. Градоначалникот Никитас Какламанис рече дека неговите вработени не можат да работат во тие услови и побара да заминат додека не заврши протестот. Какламанис остана во зградата. Работниците штрајкуваат повеќе од една недела, одбивајќи да го собираат ѓубрето од атинските улици додека не им се исполнат барањата. Како резултат на ова, на улиците се собрани купишта ѓубре.
Работниците во поземната железница, железницата, енергетскиот, банкарскиот и правниот сектор во Атина се приклучија на протестите во вторникот, со 24-часовен штрајк против предложените пензиски реформи. (EРТ, ДПA - 18/03/08; ИТАР-ТАСС - 17/03/08)