14/03/2008
БЕЛГРАД, Србија -- Претседателот Борис Тадиќ официјално го распушти парламентот и закажа предвремени избори за 11-ти мај. Неговата одлука од четвртокот (13-ти мај) дојде на барање на владата, како што е предвидено со уставот. Парламентарните избори со ова ќе се одржат на истиот ден со локалните избори и оние за собранието на автономната покраина Војводина. Премиерот Воислав Коштуница минатата недела поднесе оставка, по признавањето дека владејачката коалиција не може да ги премости разликите во врска со Косово и интеграцијата во ЕУ.
Српската демократска партија на Коштуница во четвртокот беше суспендирана од Европската народна партија во Брисел. Францускиот европарламентарец Ален Ламасур го опиша овој чекор како обид да се охрабри Коштуница да заземе „поевропски позиции“ и да го омекне своето противење на независноста на Косово. (Блиц, Данас, Политика - 14/03/08; РТС, Танјуг, Бета, Б92, АФП - 13/03/08)