Рен ја повика Србија да избере помеѓу пристапот или „самонаметнатата изолација“

11/03/2008

БРИСЕЛ, Белгија -- Комесарот за проширување на ЕУ, Оли Рен, й рече на Србија дека дојде до крстосница на патот, по косовското прогласување независност минатиот месец. „Србија треба да донесе една многу суштинска одлука -- или ќе се држи до европската иднина или ќе ризикува со самонаметната изолација“, им рече Рен на новинарите по самитот на министрите за надворешни работи на ЕУ во понеделникот (10-ти март) во Брисел. Истакнувајќи ја ползата од пристапот во ЕУ, Рен и шефот за надворешна политика на ЕУ, Хавиер Солана, изразија надеж дека проевропските сили ќе победат на предвремените парламентарни избори во Србија во мај.

Во другите вести, Советот за безбедност на ОН ќе се состане во вторник, на разговори околу Косово, на барање на Србија и Русија. Српскиот министер за надворешни работи, Вук Јеремиќ, се очекува да инсистира на тоа УНМИК да остане во Косово според резолуцијата 1244 на ОН, за време на својот говор пред Советот. (Блиц, Политикa - 11/03/08; РТС, Танјуг, Бета, Ксинхуа, Кохавижн, РТК, Телеграфи - 10/03/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading