04/03/2008
СКОПЈЕ, Македонија -- Полицијата пресече меѓународен синџир на трговија со луѓе и уапси 15 лица, во операцијата спроведена доцна во неделата (2-ри март), објави во понеделникот министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска. По еден осомничен сé уште се трага. „Ова е група што нелегално префрли 18 луѓе од Кина и Албанија за Грција“, рече министерката. Имигрантите биле нелегално пренесени во Македонија од Србија. Апсењата уследија по петмесечното следење во кое биле вклучени тајни агенти. (AФП, Макфакс, Балканинсајт - 03/03/08)