Американскиот Стејт департмент вели дека поголем дел од Балканот е вклучен во трговијата со дрога

02/03/2008

ВАШИНГТОН, САД -- Неколку клучни правци за трговија со дрога поминуваат низ Балканот, објави американскиот Стејт департмент во својот годишен извештај за меѓународната стратегија за контрола на наркотици, објавени во петокот (29-ти февруари). Голем коридор за дрога од Југозападна Азија до Европа поминува низ Турција, додека Албанија и понатаму е транзитна точка за дрогата од Централна Азија до Западна Европа, се вели во извештајот. Новата независна држава Косово се споменува како клучна точка за трансферот на хероин од Турција и Авганистан до Западна Европа. Босна и Херцеговина се опишува како главна точка на шверц поради својата стратешка локација, слабите државни институции, недоволниот персонал за борба против трговијата со дрога и несоодветната координација помеѓу агенциите.

Бугарија, Хрватска, Грција, Црна Гора, Романија и Србија, исто така, се споменуваат како места за шверц со дрога до различни делови на Европа. Покрај ова, дрогата се произведува во неколку земји -- вклучително и Албанија, Бугарија, Косово и Романија. (Maкфакс, А1 - 01/03/08; веб-страница на американскиот Стејт департмент - 29/02/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading